Зошто ова не е блог за социјални медиуми?

Затоа што не сакам ова да биде блог кој на долго и широко ќе ви раскажува што се Twitter и LinkedIn и зошто морате да ги користите. Не сакам ова да е блог кој секојдневно ќе наоѓа нови причини зошто баш со таа фотографија поставена на Facebook ќе соберете најмногу обожаватели, ниту пак блог што ќе се фали како ги нуди волшебните пет чекори со кои Вашата компанија сигурно ќе оствари милионски профит.

Не сакам ова да биде типичен блог за социјални медиуми, веќе ги има и повеќе од доволно.

This is Not a Social Media blog e  блог за идеи.  Блог за сите љубители на маркетингот, за сите оние кои ја сакаат оваа наука/уметност/вештина, и кои сакаат да се во чекор со нејзиниот развој и тековна преобразба преку Web 2.0

This is not a Social Media blog ги тангира достигнувањата на современиот маркетинг во Македонија и светот, имајќи за цел да ја надополни македонската интернет сфера со еден поинаков, повеќе маркетингшки отколку технички пристап кон социјалните медиуми како платформа за спроведување на маркетинг активности. Тука сме за да дискутираме идеи, презентираме успешни примери и дадеме лични мислења за што е добро и што би можело да успее во нашата земја.

Споделете ги вашите идеи со This is Not a Social Media blog! Оставајте коментари, твитајте со @NotSocialMedia, постајте на Facebook на www.facebook.com/NotSocialMedia или пратете mail на iva.dujak@gmail.com

Се читаме!